Овде ќе ги најдете одговорите на најчесто поставуваните прашања

Полумаратонот ,,Струмица на улица” ќе се одржи на 09.06.2019 година (недела).
Стартот на трката од 5км, 10км и полумаратон е во 19:00 часот.
Препорачливо е сите учесници да бидат во непосредна близина на стартната линија најмалку пола час пред почетокот на трката. 

Пријавување за првиот ноќен полумаратон Струмица на улица може да се направи единствено по електронски пат, со пополнување на формуларот на линкот https://forms.gle/ECqGC9Kd7ufDGm7F7 по што ќе добиете повратен е-маил со инструкции за плаќање на котизација за потврда на пријавата.

Во зависност од трката и датумот кога ќе се пријавите за учество, цените изнесуваат:
Период 1: 6 март - 4 април 2019
5К - 400 денари
10К - 500 денари
21К - 500 денари

Период 2: 5 април - 5 мај 2019
5К - 400 денари
10К - 500 денари
21К - 600 денари

Период 3: 6 мај - 20 мај 2019
5К - 500 денари
10К - 600 денари
21К - 700 денари

Период 4: 21 мај – 6 јуни
5К – 500 денари
10К – 600 денари
21К – 700 денари 

Стартните пакети за учесниците на трките од 5К, 10К и полумаратон вклучуваат:

- брендирана Dri-fit маица со логото на трката
*за пријави до 20 мај 2019, оние кои ќе се пријават после овој датум не добиваат маичка, но добиваат специјален попуст од 25% по цена од 300 денари
(редовна цена 400 денари)
при подигање на стартните пакети – количините на маички на самиот ден ќе бидат ограничени)

- Стартен број со чип (за извршена регистрација до 31 март 2019 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)

-вредносен ваучен од 600 денари при купување на Garmin производ од Garmin MK

-медал на крај на трката

-освежување и овошје за време на трката

-подарок од партнерите на настанот 

Патеката по која се одвиваат трките е кружна со должина од 5 километри.
Истата ги опфаќа булеварот Ленинова (кружниот тек со улица Цветан Димов до ТЦ Глобал), булевар Маршал Тито (од ТЦ Глобал до кружниот тек со ул.Балканска), преку улица Балканска и улица Маршал Тито до СОУ Никола Карев и назад до кружниот тек со ул. Гоце Делчев по кој се продолжува до кружниот тек на ул.Младинска. Од кружниот тек на улицата Младинска патеката продолжува назад преку улицата Гоце Делчев, булеварот Маршал Тито се до булеварот Ленинова кај ТЦ Глобал.

Официјалната патека можете да ја видете и на следните линкови:
https://goo.gl/UMcck7
https://www.strava.com/routes/13724269 

Крајниот рок за пријавување на сите трки е до 05-ти јуни 2019 до 23:59:59 што значи дека до тој рок треба да се изврши и плаќањето на котизацијата и потврдата на пријавата. Секоја пријава која нема да биде потврдена со плаќање на котизација и следење на инструкциите добиени во е-маил адресата се поништува.

За полумаратонската трка може да се регистрира секој граѓанин кој на денот на одржување на трките ќе има наполнето 16 години.

 Доколку на денот на трката немате наполнето 16 години, а на своја одговорност сакате да учествувате, мора да донесете согласност од родител/старател заверена на нотар.

За трките од 5 км и 10 км нема ограничување во однос на старосната граница. 

Да. Струмица на улица е отворен за сите кои сакаат да учествуваат, без разлика на претходно искуство со ваков тип на трки. Наша препорака е доколку сте почетник, да учествувате на пократките трки, но доколку сакате да учествувате на полумаратон, да почнете да се подготвувате со тренинзи неколку месеци порано. Секој може да се пријави и учествува!

Подигањето на стартните пакети за Полумаратон Струмица на улица 2019 ќе биде на самиот ден на трката 09.06.2019 во Дом на култура ,,Антон Панов’’ од 14 до 18 часот. Дом на култура ,,Антон Панов” се наоѓа во непосредна близина на стартната линија на струмичкиот плоштад.

За подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која Ви е испратена на е-маил или документ за лична идентификација. Без овие документи организаторот нема да може да Ви го даде стартниот пакет.

Да. Може друг да го подигне вашиот стартен број. Сѐ што треба е да се покаже меилот за потврда за регистрација кој сте го добиле при регистрација и документ за идентификација при подигнувањето на вашиот стратен број.

Да. Сите учесници можат да ги користат соблекувалните на СРЦ Партизан, која се наоѓа на не повеќе од 100 метри од главната бина, за припремање пред и по завршување на услугите. Во склоп на соблекувалните, СРЦ Партизан располага и со туш кабини со топла вода, кои исто така ќе им бидат достапни на учесниците за користење.

Сите учесници на трката, можат да ги остават своите лични ствари кај нашите волонтери во СРЦ Партизан, каде истите ќе бидат складирани и чувани од страна на волонтерите. За да можете да оставите или подигнете предмети од овие простории, задолжително е да го приложите Вашиот стартен број на нашите волонтери.

Стартот на трките од 5 км и 10 км ќе биде на булевар ,,Ленинова” во близина на ТЦ Глобал, со што натпреварувачите во овие дисциплини ќе започнат да трчаат во насока кон булевар ,,Маршал Тито”.

Стартот на трката на полумаратон ќе биде на булевар ,,Ленинова” во близина на ТЦ Глобал, со што натпреварувачите во оваа дисциплина ќе започнат да трчат во спротивен правец од учесниците на 5 км и 10 км.

Најдобро е да бидете еден час порано во зоната околу стартот за да навремено ги завршите сите обврски, како пресоблекување, тоалет, оставање на вишокот гардероба на безбедно и позиционирање во стартната зона. Во својата стартна зона најдобро е да бидете 20-30 минути пред стартот.

Стартниот број задолжително треба да биде закачен на предниот дел од вашата маица за да во текот на трката бидете препознати и за да може контролите за мерење на време да го регистрираат вашиот чип. На сите трки од овој настан ќе се користи чип за мерење на времето прикачен на задната страна на стартниот број кој ќе го регистрира вашето време. Чипот не е лепенка, Ве молиме не го виткајте во обид да го одлепите бидејќи на тој начин е можно да го оштетите. Вашиот стартен број содржи важни информации затоа е важно да се почитуваат правилата. Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесници кои во одреден момент ќе трчаат без да биде јасно воочлив нивниот стартен број.

Да. На патеката предвидени се станици со вода, суво овошје и лимони за освежување на учесниците во текот на трчењето.

Да. Според правила на ИААФ, носење на слушалки не е дозволено, но за рекреативните тркачи кои не се натпреваруваат за топ 10 позиции, организаторот има флексибилни правила и дозволу трчање со слушалки. Наша препорака е за ваша лична безбедност, да го намалите тонот и да трчате со само една слушалка, за да може непречено да слушате инструкции од судиите, редарите, останатите напреварувачи или непредвиден сообраќај на улиците.

Не. Присуство на велосипед или било кое друго возило на тркала на патеката е СТРОГО ЗАБРАНЕТО и секој велосипедист ќе биде отстранет од патеката, а учесникот кого го следат ќе биде дисквалификуван. Правилата важат за сите учесници, без исклучок. На патеката ќе можат да се движат велосипеди кои имаат дозвола за движење и се за потребите на организаторот.

Да. Временскиот лимит за полумаратонот, трката од 10 км и 5 км е 3 часа од почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат одстранети од патеката, а улиците ќе бидат отворени за сообраќај, по што не ја гарантираме вашата безбедност.

Не. Жалиме поради повредата, но немаме можност за повраток на финансиите за котизација без оглед на причините кои ве спречуваат да не учествувате на овој настан годинава. Доколку сакате да извршите промени во вашата регистрација после добивањето на стартен број, испратете е-маил или контактирајте некој од организаторите на настанот.

Да. Целата патека ќе биде видно обележана и ќе има редари и волонтери на критичните точки како не би имале можност да се отстраните од обележаната патека.

Да. Медицинска екипа со медицинско возило ќе по должина на патеката. Доколку ви е потребна лекарска помош на одреден дел од патеката побарајте помош од волонтерите.

Не. Секој учесник трча на сопствената одговорност за своја психофизичка подготвеност, за што организаторот не сноси одговорност. Доколку сметате дека ви е потребен лекарски преглед пред трката, ве охрабруваме да го сторите тоа на време.